Вчера во второто плеј-аут коло од машката суперлигашка конкуренција се сретнаа екипите на Пролет како домаќин и нашиот млад црвено-црн ракометен тим РК Вардар јуниор. Во ова второ соочување сезонава, остваривме нова втора победа. Избраниците на Пепи Мансков мечот го добија во вториот дел во кој примивме само шест гола во својата мрежа.
Први со гол мечот го отворија домаќините екипата на РК Пролет, потоа следуваше игра гол за гол на двете страни и ниеден тим не успеваше да се одлепи на повеќе од еден гол разлика се до резултат 4-4. Пролет успеа да погоди двапати по ред за резултат 6-4 , и успеа да се одлепи првпат една екипа на плус два. Вардарци со стрплива игра се вратиа во мечот негде по одиграни две третини од првиот дел резулатот беше 11-11. До крајот на првите 30 минути домаќините се снајдоа поуспешно и со мини серија 4-2 на одмор замина со предност од 15-12. Во вториот дел избраниците на Пепи Манасков тргнаа поофанзивно со цел да успеаат да го анулираат водството на Пролет и да се вратат во мечот, тие веќе во првиот напад намалија на 15-14 а во следниот дојдоа до резулатска симетрија на екранот 15-15. По ова изедначување игра како на почетокот од првиот дел гол за гол, со постојани израмнувања и голема неефикаснот на свете страни. Поуспешен во овој “резултатски рулет“ беше црвено-црниот млад колектив кој однесе победа со 21-22 во гости.
Вардар јуниор: Чаневски, Ивановски, Костовски 1, Спасовски, Недановски 4, Георгиевски 5, Тренчевски 4, Ангелов, Јовчевски, Андовски 3, Симиќ, Ристов, Манасков 1, Поповски 1, Вујачиќ 3, Давитковски.