По повод натпреварот од 1/4 финалето во ЛШ против унгарски Веспрем, денеска во просториите на СЦ. ”Јане Сандански” РК Вардар одржа прес-конференција на која присуствуваше стандардно нашиот тренер Раул Гонзалес и нашиот играч Стојанче Стоилов . Ви ги пренесуваме изјавите на нашиот тренер и на нашиот играч.
Мора да одиграме одлично во одбрана доколку сакаме да го победиме Веспрем кој е одлична екипа. Ние оваа недела гледаме видео анализи за Веспрем. Ако сакаме да се надеваме на поволен резултат треба да одиграме максимално во текот на сите 60 минути. Нас ни треба помош од публиката, но знам дека навивачите ќе дојдат и ќе ни дадат голема поддршка. Пред се треба да веруваме, да имаме самодоверба во себе, бидејќи сакаме да играме на Ф-4 – изјави Гонзалез.
Додека пак нашиот пикер Стоилов пред овој клучен натпревар за Вардар оваа сезона го изјави следното:
Веспрем е последната пречка, која ни стои на патот до Келн. Игравме многу пати изминативе сезони и мислам дека доволно се познаваат двете екипи. Им ја препуштам фаворитската улога во овој двомеч, бидејќи лани играа на фајнал-фор. Ќе биде тешко, како што кажа тренерот Гонзалес, одбраната ќе го одлучи победникот. Ние играме на домашен терен пред својата публика и секако дека одиме на победа, изјави Стоилов.