Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Соопштение на ФК Вардар до навивачите и публиката за мечот со Шкендија
Соопштение на ФК Вардар до навивачите и публиката за мечот со Шкендија

Соопштение на ФК Вардар до навивачите и публиката за мечот со Шкендија

Мечот  помеѓу  Вардар и тетовска  Шкендија во рамките на второто коло од плеј-офот односно  29. коло од ПМФЛ којќе се одигра во недела од 16:00 часот е прогласена за натпревар од висок ризик. По повод овој меч црвено-црниот фудбалски колектив искочи со соопштение до гледачите кое ви го пренесуваме во целост:

Во договор на организаторот на овој натпревар, со Фудбалската федерација на Македонија и со Министерството за внатрешни работи, одлучено е да нема гостински навивачи на Националната арена „Филип Втори“.

ФК Вардар повторно апелира навивачите на Шкендија самоиницијативно да не доаѓаат на стадионот.

ФК Вардар ќе ги преземе сите мерки и ќе ги следи сите одредби и правни рамки пропишани со Законот за спречување на насилство и недолично однесување, сѐ со цел да го организира натпреварот на највисоко ниво.

За таа цел, билетите за овој натпревар ќе се продаваат само со документ за лична идентификација (лична карта).

Билетарницата на стадионот на денот на натпреварот (17.04.2016) ќе биде отворена во 10 часот наутро и ќе се затвори во 15:45 часот, односно петнаесет минути пред почетокот на натпреварот. Влезници ќе се продаваат и утре и задутре, на истото место, во период од 10 до 16 часот.

Билетите ќе чинат 100 денари и ќе се продаваат само за Јужната трибина. Останатите три трибини се во фаза на реновирање.

ФК Вардар ги повикува сите свои навивачи и симпатизери за фер и коректно навивање, за достоинствено однесување на трибините, со цел да се избегнат сите евентуални казни кои би следеле за неспортско однесување. Исто така апелираме да не се подлегнува на евентуални провокации, со цел да не се повторат мачните сцени од минатиот натпревар на овие два клуба.

Со почит

ФУДБАЛСКИ КЛУБ ВАРДАР АД СКОПЈЕ