Црвено-црниот кошаркарски колектив преку соопштение до јавноста и КФМ даде свој суд и предлози за мак-баскетот. Вардарци понудија и неколку решенија, а воедно побараа во првата лига другата сезона да има 10 наместо 8 тима што автоматски значи влез на Вардар во елитата. Оваа сооопштение на КК Вардар ви го пренесуваме во целост:
К.К.Вардар планираше да одржи редовна конференција за печат пред годишното собрание на МКФ, па имајќи во предвид да не го ремети установениот ред од федерацијата на свикуваното годишно собрание сака да ги изнесе своите видувања за состојбата на Македонската Кошарка.
- Формирање на една прва лига со 10 клуба кои ќе играат редовно годишно првенство на основа установените правила на истото. Со разигрување за првак во final four турнир со претходно жребовање на паровите или играње 1 и 3, 2 и 4.
- Формирање на две втори лиги северна и јужна, а со тоа укинување на трета лига бидејќи трошоците на сегашната втора лига на територија на Републиката се скоро исти како и трошоците на прва лига. Правилата на прва лига да важат и за двете втори лиги.
- Одржување на младинско државно првенство од категорија М 12, 14, 16 и 18 и 20 и повторно обновување на младинскиот куп. Сите клубови од прва и двете втори лиги мора да имаат во својата структура играчи во младински категории посебно играчите од категорија М16, 18 и 20. Ако добро се анализираат натпреварите во младинските категории М 16, 18 и 20 ќе се види енормната разлика во резултатите од истите што укажува на недоволна односно неквалитетна работа со тие генерации која може и да биде производ и на недоволна заинтересираност на клубовите или недоволна квалификација на теренскиот состав.
Ова горенаведеното се однесува за системот на натпреварување кој би требало да се разгледува од органите на федерацијата а посебно на основа договор со останатите кошаркарски клубови.
К.К.Вардар е загрижен за развојот на македонската кошарка ако се има предвид на играњето многубројни странци на клубовите од прва лига почнувајќи од:
- МЗТ Скопје Аеродром (има 8 странци во екипата)
- Карпош соколи (има 6 странци во екипата)
3.КК КОЖУВ (5 странци)
- КК ФЕНИ (4 странци)
Затоа предлагаме за одредено време во прва лига да се исклучат странците, односно со договор да се ограничи бројот на најмногу 2 странци во натпреварите на државно првенство, а клубовите кои играат во други балкански БИБЛ или АБА лига да играат и со повеќе странци.
Горенаведеното се базира само на една анализа на финалето на Македонскиот Кошаркарски клуб помеѓу МЗТ Скопје и Карпош Соколи
МЗТ = вкупно 200 минути
Странци вкупно = 162 минути
Домашни вкупно = 38 минути
61 кош странци
7 коша домашни
СОКОЛИ
Странци вкупно = 165 минути
Домашни вкупно = 35 минути
53 коша странци
9 коша домашни
Да резимираме. Од вкупно 400 минути ефективно играње странски играчи играле 327 минути, а домашни 73 минути. Односно странците дале 114 коша а домашните само 16. Заклучокот од горенаведеното нека се изведе од одговорните во клубовите и самата федерација.
Посебно треба да формираните тела на стручниот совет, тренерската организација и судиската организација, аналитички и аргументирано завземе став по горенаведените искажувања на Вардар.
Врзано со трансформација на клубовите во Акционерски Друшта интересно е дека клубовите од прва лига во државна сопственост се 4 клуба (МЗТ Скопје, Работнички АД, Кожув АД, Струмица АД), во приватна сопственост се 3 клуба (Фени Индустри АД, Бест АД, Куманово 2009 АД) и 1 клуб во мешовита сопственост (Карпош Соколи 2000).
За К.К.Вардар е неприфатливо и клубовите во државна сопственост кои се формирани од државни, односно народни пари да ангажираат голем број на странски играчи, а при тоа како пример го посочуваме да одговорни лица во кошарката нека успеат да набројат од моментален состав од репрезентацијата од минимум 15 до 20 играчи дали може да се избројат барем 5 играчи кои со својот статус и искуство можат да ја носат репрезентацијата во наредните години. Кратко речено по успехот од 4то место не се изнајде аргументирана државна стратегија за развој на Македонската Кошарка. Не би било штетно да искуството од квалификациите во Полска за олимписките игри на ракометната репрезентација да се анализира бидејќи јаки клубови со одреден број на странски играчи не обезбедуваат формирање на јака државна репрезентација. Посебно внимание треба да се обрне на организацијата на државното првенство во условите кои се играат во салите и регуларноста на истите.
К.К.Вардар ја поздравува одлуката на К.К.Работнички да во наредните државни првсенства игра само со домашни играчи.
Треба да се разгледа и можноста за намалување на судските такси на зголемениот број на натпревари кои претставуваат поголем трошок на клубовите. К.К.Вардар предлага да се формира од редовните тела на федерацијата еден „стручен“ совет од познати тренери поранешни играчи како советодавно тело на претсетдателот на федерацијата.
Треба исто така да се разгледа можноста на воспоставување на тесни спортски односи со федерациите од поранешна Југославија посебно со размена на тренери односно заеднички припреми односно оодбрување на пријателски натпревари.
К.К.Вардар сака да ја информира јавноста дека идната 2017та година планира во округ прославата на 70 години постоење на клубот одредена програма која ќе биде доставена до средината на оваа година за да истата биде вклопена во евентуалните планови на Македонската федерација. К.К.Вардар како најстар Кошарксрски Клуб формира на 20.07.1947 со фузијата помеѓу МКК Македонија и ЖКК Победа, формирано е Спортско Друштво Вардар, односно истиот ден и К.К.Вардар.
Кој е денес К.К.Вардар?
По повеќе од 50 години талкање, тренирање и играње во школски сали и државни објекти во 2007 година со зимање на 30 години закуп на малата спортска сала Кале дојде до свој дом. Малата сала скромна по својот капацитет е преуредена по ФИБА стандарди и во неа се игра кошарка од 08:00 до 22:00 часот. К.К.Вардар играше и во прва и втора и трета Македонска Кошаркарска лига и по „заслуга“ на екс претседателот на МКФ. Исклучувањето на К.К. Вардар од лигата и играњето во трета лига една сезона беше класичен злочин према кошаркарите. К.К.Вардар во својата структура има кошаркарски клуб, младински кошаркарски клуб и кошаркарска академија со преку 100 регистрирани свои играчи. К.К.Вардар е петкратен младински државен првак и младински освојувач на купот на Р.Македонија. К.К.Вардар се гордее што е расадник на млади македонски кошаркари. Од сето горенаведено сметаме дека имаме право да во јавноста го кажеме и нашето мислење што е наведено во соопштението погоре.
Сето горенаведено е само гласно размислување и предлози од страна на К.К.Варадар во интерес на квалитетен и успешен напредок на македонската кошарка.
Со почит,
К.К.Вардар
Претседател
Владимир Воиновски