Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Гостивар лесен “залак“ за РК Вардар 2, кој останува во борба за првото место
Гостивар лесен “залак“ за РК Вардар 2, кој останува во борба за првото место

Гостивар лесен “залак“ за РК Вардар 2, кој останува во борба за првото место

По две недели пауза поради настапите на младинската репрезентација на квалификациониот турнир во Швајцарија и на кадетската селекција на турнирот во Бугојно, екипата на РК Вардар 2 се врати на настапите во првата ракометна лига. Избраниците на Стојан Петрушевски во рамките на 15 коло забележаа триумф на гостувањето во Гостивар, против истоимената екипа.

Првите десет минути се играа доста израмнето со гол за гол на двете страни, ниедна од екипите не успеаа да поведе со повеќе од еден гол разлика. При нерешен резултат од 5:5 следи серија на црвено-црните од шест последователни гола, за највисоки 5:11 во тие моменти од играта. Потоа следуваше период на двете екипи, најпрво Гостивар направи серија од 3:0 за намалување на резултатот, додека Вардар врати во иста мера, за повторно да има највисока предност. До крајот на првото полувреме успеавме да ја одржиме оваа разлика и на одмор да заминеме со резултат 10:15.

И во вториот дел бевме далеку подобри од противникот, веќе во 35 минута од мечот имавме високи 11:18. За кратко домашната екипа успеа да намали на 14:18, но црвено-црните покажаа дека се далеку поквалитетна екипа и некаде во 48 минута стигнавме и до двоцифрена предност од 16:26. До крајот само ја зголемувавме предноста, за истата на крај да биде изразена со 13 голови позитива, или конечни 22:35 на овој натпревар.

Најефикасни во редовите на Вардар беа Тоше Ончев и Мартин Димов со по 6 постигнати голови.

Вардар 2: Кизиќ, Димов 6, Димовски 3, Анастасовски 4, Наумовски 3, Стојковски 3, Дамчески, Стошиќ 1, Љубевски, Трпчевски 3, Димитриевски, Кукуловски, Калков 3, Крстевски 1, Димковски 2, Ончев 6.