Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победа и пораз за пионерите и младинците на РК Вардар, на турнирот во БиХ
Победа и пораз за пионерите и младинците на РК Вардар, на турнирот во БиХ

Победа и пораз за пионерите и младинците на РК Вардар, на турнирот во БиХ

Вчера стартуваа првите натпревари за пионерите и младинците на ракометниот клуб Вардар, на турнирот “Ракометот во срцето, Завидовиќи 2016“. На првиот натпреварувачки ден нашите екипи забележаа по една победа и пораз.

Пионерите на РК Вардар предводени од тренерот Андријана Будимир на стартот беа минимално и несреќно поразени од екипата на Јерузалем, со минимален резултат од 16:15. Игравме одлично на овој меч, но заморот си го направи своето, после долгиот пат од 13 часа. Во текот на целиот дуел се играше гол за гол, младите Вардарци немаа среќа да израмнат во последниот напад, во кој ја погодија стативата од голот на противникот. На полувреме имавме водство од 9:10. Најдобар во редовите на Вардар беше Бојан Чакалич, со 5 погодоци.

Вардар: Танев, Трајчевски, Зафировски, Трајановски, Мишевски 2, Павловски, Смилевски, Чакалиќ 5, Ангеловски, Жерновски, Богдановски, Грујовски 1, Димитријевски 3, Србиновски 4, Димчевски, Аспровски, Митевски.

Сепак на вториот натпревар излезе квалитетот на “површина“ и успеавме да ја забележиме првата победа на турнирот. Совладана беше екипата на РК Метковиќ, со конечен резултат од 20:16. Целосна доминација на Вардар во текот на целиот натпревар, само еднаш противникот се доближи до два гола негатива. Борбеноста беше главна одлика за нашите пионери на овој втор одигран натпревар. Бојан Чакалиќ беше повторно најефикасен во победата, со вкупно 6 постигнати голови.

Вардар: Танев, Трајчевски 4, Зафировски, Трајановски, Мишевски, Павловски, Смилевски, Чакалиќ 6, Ангеловски, Жерновски 3, Богдановски, Грујовски 3, Димитријевски 4, Србиновски, Димчевски, Аспровски, Митевски.

Младинците на РК Вардар, кои на овој турнир ги предводи Кристијан Грчевски исто така имаа половичен успех на првиот натпреварувачки ден. Одлично го отворивме турнирот со трумф во против екипата на Никшиќ. Конечниот резултат гласеше 24:23. На полувреме имавме исто така водство од 14:12. Вардар беше во постојана предност во текот на целиот меч и на крајот сосема заслужено ја оствари првата победа на турнирот. Убедливо најефикасен на овој меч беше Филип Николов со 8 постигнати голови.

Вардар: Стојчевски, Овнарски 5, Блажевски, Барлаковски 1, Николовски, Давчев 1, Хаџидимовски 1, Чакалиќ 4, Бабамов, Босилковски, Кочаров, Николов 8, Јаховиќ, Мицевски, Мишевски, Ѓорчевски 4, Петковски.

Во вториот дуел се сретнавме со репрезентацијата на Босна, против која бевме поразени со резултат 20:15. На полувреме имавме негатива од 7:10. Заморот си ги направи своето на овој меч за нашата екипа, која немаше сили за да одигра нов квалитетен меч.

Вардар: Стојчевски 3, Овнарски, Блажевски, Барлаковски, Николовски, Давчев, Хаџидимовски, Чакалиќ 3, Бабамов, Босилковски, Кочаров, Николов 3, Јаховиќ, Мицаноски 1, Мишевски 1, Ѓорчевски 4, Петковски.