Убави вести ни стигаа од пионерите на РК Вардар предводени од тренерот Андријана Будимир на турнирот “Ракометот во срцето, Завидовиќи 2016“ кој се игра во Жебче -Босна и Херцеговина. Тие обезбедија место во утрешното 1/2-финале од како денес херојски одиграа два меча и однесоа исто толку победи.
Во првиот меч се сретнавме со фаворитот екипата на РК Борац од Бања Лука ( Република Српска-БиХ) екипа која што беше прва во нашата група по првиот одигран ден на турнирот. Вардаровите момци покажаа голема борбеност и единство, тие играа игра со многу брзи акции и покрај ова имавме и страшно добра одбрана и на полувреме заминавме изненадувачки со предност од 7-4. Вториот дел од натрпеварот помина во исти ритам постојано , водевме со три погодоци, а на крај победивме со 16-11. Интересно да се напомене за овој меч еден интересен детаљ: На само 2 секунди до крајот Н.Жереновски постигна атрактивен ретко виден гол од центар кои судиите не го признаа. Вториот меч пионерите го одиграа со екипата на РК Жебче, тим кој е домаќин. Во овој меч бевме доминантни и без поголем напор и со целосна доминација однесовме победа со 18-12, а на полувреме бечот заврши со резултат 11-7.
Утре не чека полуфиналниот дуел на турнирот, каде што ќе се потрудиме да стигнеме до медал. Досега сум задоволна од играта и покажаното на овој силен турнир, но да почекаме до крај и да видиме како ќе се одвиваат настаните- изјави за Вардар фанс пред полуфиналето тренерот на оваа генерација Адријана Будимир.
Според планираното утре во 11-00 часот ќе се одигра полуфиналето, од него и финалето може да гледате пренос преку видео стрим – ТУКА!