Дојде и тој ден, на помалку од 4 часа сме до големата фудбалската пресметка која значи победи и со сигурност донесена нова титула во витрините на најтрофениот фудбалски колектив во нашата земја. Со почеток во 16 часот нашиот миленик го пречекува уште еднаш тимот кој оваа сезона ни е најголема ”закана” за титулата, но доколку го добиеме овој натпревар, таа закана веќе нема да постои, нашите момци ќе дојдат на само еден чекор до титулата број десет.
На Вардар му требаме повеќе од минатата недела. Вардар се сака на стадион со песна и поддршка, не со навивање и лајкови преку социјалните мрежи. Да им докажеме на многумина дека Вардар има армија навивачи не само кога игра квалификации за Лигата на шампионите, дека Вардар својата армија на навивачи ја има и на домашните натпревари. Натпревар кој дефинитивно со победа ќе ја реши титулата, да докажеме дека сме поквалитетен тим. Сите на стадион, билетите се по цена од 100 денари за јужната трибина.
Се гледаме на стадион, напред Вардар!