Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Играчите едногласни: Ќе се бориме за секоја топка!
Играчите едногласни: Ќе се бориме за секоја топка!

Играчите едногласни: Ќе се бориме за секоја топка!

ФК Вардар им се врати на победите во средата против штипска Брегалница, овој пат очекуваме таа низа да продолжи и на најважниот натпревар оваа сезона кој ќе значи дефинитивно победа и обезбедена нова титула во нашите витрини. На неколку часа пред почетокот на мега дербито, играчите на ФК Вардар во еден глас потенцираа: Одиме на победа, ќе се бориме до последниот атом од силите за голема победа. Зимското засилување на ФК Вардар, црногорецот Дамир Којашевиќ за официјалната страна на клубот истакна дека Вардар е подготвен да се бори за секоја топка, подготвен е да се бори и да донесе многу важна победа која ќе биде потоказ кон титулата.

vardarfans-vardar-skendija

Ви издвојуваме некој делови од изјавата на Којашевиќ за ФК Вардар.
- „Свесни сме каков натпревар нѐ очекува утре. Кога играат двете првопласирани екипи на табелата сѐ е можно. На претходниот меѓусебен дуел малку потфрливме и одигравме под нашите објективни можности, но се надевам дека утре ќе се претставиме во многу подобро издание. Нема да се задоволуваме со ниту еден резултат. Доколку повторно дојдме први во водство ќе атакуваме и на втор гол, за потоа да ни биде полесно и рутински да го приведеме натпреварот кон самиот крај“, вели популарниот Пикси.