Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите со одлична игра обезбедија место во утрешното 1/2-финале на турнирот во Бих (стрим во живо)
Пионерите со одлична игра обезбедија место во утрешното 1/2-финале на турнирот во Бих (стрим во живо)

Пионерите со одлична игра обезбедија место во утрешното 1/2-финале на турнирот во Бих (стрим во живо)

Убави вести ни стигаа од пионерите на РК Вардар предводени од тренерот Андријана Будимир на турнирот “Ракометот во срцето, Завидовиќи 2016“ кој се игра во Жебче -Босна и Херцеговина. Тие обезбедија место во утрешното 1/2-финале од како денес херојски одиграа два меча и однесоа исто толку победи.

Во првиот меч се сретнавме со фаворитот екипата на РК Борац од Бања Лука ( Република Српска-БиХ) екипа која што беше прва во нашата група по првиот одигран ден на   турнирот.  Вардаровите момци покажаа голема борбеност  и единство, тие играа игра  со многу брзи акции и покрај ова имавме и страшно добра одбрана и на полувреме заминавме изненадувачки со предност од 7-4. Вториот дел од натрпеварот помина во исти ритам постојано , водевме со три  погодоци, а  на крај победивме со 16-11. Интересно да се напомене за овој меч еден интересен детаљ: На само 2 секунди до крајот Н.Жереновски постигна атрактивен ретко виден гол од центар кои судиите не го признаа.  Вториот меч пионерите го одиграа со екипата на РК Жебче, тим кој е домаќин.  Во овој меч  бевме доминантни и без поголем напор и со целосна доминација однесовме победа со 18-12, а на полувреме бечот  заврши со резултат 11-7.

Утре не чека полуфиналниот дуел на турнирот, каде што ќе се потрудиме да стигнеме до медал. Досега сум задоволна од играта и покажаното на овој силен турнир, но да почекаме до крај и да видиме како ќе се одвиваат настаните- изјави за Вардар фанс пред полуфиналето тренерот на оваа генерација Адријана Будимир.

Според планираното утре во 11-00 часот ќе се одигра полуфиналето, од него и финалето може да гледате пренос преку видео стрим – ТУКА!