Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > РК Вардар 2 и ХЈС Работник го одиграа дербито во Првата лига
РК Вардар 2 и ХЈС Работник го одиграа дербито во Првата лига

РК Вардар 2 и ХЈС Работник го одиграа дербито во Првата лига

Вечерва во спортскиот ракометен центар Кале се одигра решавачкиот натпревар за директен пласман во супер лигата, помеѓу екипите на РК Вардар 2 и ХЈС Работник. Ова се двете екипи кои најмногу прикажаа до овој дел од сезоната и кои се најголемите претеденти за првите две места во првата ракометна лига. Само првопласираниот ќе обезбеди директно учество од следната натпреварувачка сезона во најсилната супер лига. Вечерашниот дуел изненадувачки со седум разлика го добија гостите од Битола.

Мечот го отвараме со водство, прв гол на мечот за нашиот Трпчевски кој стрела во почетните минути од мечот. Веднаш поведуваме и со три погодока, резултатот го згoлемуваме на  3-0  поtпомогнати од Кизиќ кој е одличен на голот. Гостите во 5 минута од мечот го постигнуваат првиот гол на дуелот, а подоцна со серија 0-3  изедначуваат на 3-3 по што нашата клупа бара тајм-аут. Тој вродува со плод во 10 минута зголемуваме на 4-3, а потоа и на 5-3, но битолчани повторно се враќаат со два погодока и изедначуваат на 5-5.  Постигнуваме гол за еден предност, а гостите стрелаат двапати едно по друго за прво водство вечерва за нив 6-7  во 15 минута. По ова се играат пет минути без голема ефикасност и резулатот е 8-8 во 20 минута, кај нас повторно блеска Кизиќ со шест забележани интертвенции. По оваа минута се случува најголемата невоља за нас во првиот дел остануваме на теренот со минус 2 играчи што го користат гостите да зголемат на 8-13, односно првават серија 0-5. Успеваме да намалиме на 9-13 во 28 минута по 7 мин без постигнат гол преку Крстевски, а веќе во следната акција ублажуваме на 10-13. Гостите до одморот погодуваат уште еднаш за на истиот да се замине со резулат 10-14.
Вториот дел почна со гол за битолчани со кој поведоа со плус пет. правиме мини серија 2-0 и преку Крстевски намалуваме на 12-15 во 35 минута, Кизиќ добро го почна вториот дел со три одбрани. Сепак гостите вечерва имаат свој ден со серија 0-4 идат на највисоки седум плус 12-19. Ние конечно постигнуваме гол за 13:19 во 41 минута од мечот во Кале. Битолчани го запраа нашиот најдобар играч Тоше Ончев вечерва, резулатот е 15:22  по 47 минути одиграни и веќе тука се гледа дека на овој меч нема да може да впишеме победа на нашето конто. До крајот се беше рутина за битолчани кои го добиjа мечот со конечни 21:28.