Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Велимир Грујовски: Презадоволен сум од играта и освоеното второ место на турнирот во БиХ
Велимир Грујовски: Презадоволен сум од играта и освоеното второ место на турнирот во БиХ

Велимир Грујовски: Презадоволен сум од играта и освоеното второ место на турнирот во БиХ

Во изминатиов период пионерите на ракометниот клуб Вардар беа дел од третото издание на силниот меѓународен турнир “Ракометот во срцето, Завидовиќи 2016“ кој се играше во БиХ. Во конкуренција на десет екипи, избраниците на Андријана Будимир на крајот го освоија одличното второ место, откако во финалето беа поразени од екипата на Јерузалем од Словенија. Всушност единствените порази на овој турнир ги доживеавме токму од оваа екипа, со која игравме и во групата. На целокупниот турнир имавме остварено и четири победи, против екипите на РК Борац, Жепче, Метковиќ и во полуфиналето со тимот на РК Слога од Добој. Одлично претставување на црвено-црниот ракометен колектив на овој турнир, кој прераснува во една силна традиција. На крајот од турнирот, по одигрување на мечевите за пласман, беа доделени наградите за најдобри поединци. Признанието за најдобар играч го доби Велимир Грујовски од редовите на Вардар, кој на кратко за нашиот сајт го изјави следново:

-Организацијата на турнирот беше прекрасна исто така и гостопримството од страна на домаќинот. Јас сум презадоволен од играта на мојата екипа во текот на целокупниот турнир. Противниците беа квалитетни, но ние дававме се од себе на секој натпревар. Овој турнир за мене значеше многу, бидејки освоивме второ место и ова е голем напредок за моите соиграчи, изјави Велимир Грујовски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски