Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јубилејен настап на Асани со погодок
Јубилејен настап на Асани со погодок

Јубилејен настап на Асани со погодок

20 Годишниот крилен играч на ФК Вардар Јасир Асани овој викенд прослави мал јубилеј. Асани на средбата против Шкендија го запиша својот 50 официјален првенствен настап во црвено – црниот дрес. Овој јубилеј  популарниот Јаско на најдобар можен начин ќе го памети, бидејќи на својот јубилејен настап  постигна погодок важен три бода.

Инаку ова е трет гол за Асани оваа сезона во дресот на ФК Вардар, тој досега има одиграно 12 натпревари или попрецизно 499 одиграни минути, девет пати започна како стартер, а на три средби шанса доби од клупата за резерви.