Tuesday ,08 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Ѓорче загревање за Вардаровите пионери, кои во сабота можат да ја решат титулата
Ѓорче загревање за Вардаровите пионери, кои во сабота можат да ја решат титулата

Ѓорче загревање за Вардаровите пионери, кои во сабота можат да ја решат титулата

  • Денес на теренот во населбата Марино се одигра 19 првенствено коло. Свој настап имаа пионерите кои без поголеми проблеми ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 6:0. Тренерот Сашо Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Велковски, Спасиќ, Каркалашев-Трајковски, Ѓорѓиески, Рамиќ, Дарлишта, Али Адем, Ѓорѓиевски, Бериша, Ристовски и Пешевски.

    Уште во првата минута од мечот успеавме да поведеме со голот на Јакуп Бериша, што беше добар увод и знак за нов триумф. Истиов играч во 36 минута успева да зголеми на 2:0. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме. Во вториот дел продолжи голеадата за Вардарци, кои уште четири пати ја тресеа противничката мрежа. Сигурни нови три бода и хет-трик за Бериша, кој во 55 минута зголеми на 3:0. Црвено-црните продолжија со офанзивната игра, која до крајот им донесе убедлив триумф. Кренарт Дарлишта со својот прв погодок успеа да зголеми на 4:0. Тренерот Тодоровски во вториот дел направи неколку измени. Во игра влегоа Стојчевски, Ѕурѕу, Денковски, Благојевиќ, Филипоски и Шахини. Токму нововлезените Никола Ѕурѕу и Милан Благојевиќ успеа да постигнат погодоци, за конечни 6:0 на овој натпревар.

    Овој триумф значи чекор понапред за пионерите, кон освојување на титулата. Во сабота го играме решавачкиот дуел, со екипата на шкупи на домашен терен.