Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар утрово на теренот во населбата Марино го одиграа 19 првенствено коло. Противник за црвено-црните беше екипата на Македонија Ѓ.П, која замина со седум голови во својата мрежа. Убедливо издание за Вардарци, кои забележаа триумф со резултат 7:0.
Тренерот Сашо Јанев започна со следниов состав: Рамадани, Чурлинов, Симоновски, Манасиевски, Апостоловски, Бојковски, Петкоски, Ристовски, Ариф, Астарџиев и Николов.
Голеадата на овој меч ја отвори Виктор Петкоски за водство од 1:0, кој на овој натпревар постигна дури четири гола и тоа сите во првото полувреме. Вториот погодок за водство од 2:0 беше дело на Ибрахим Ариф. До крајот на првиот дел уште три погодока во мрежата на противникот, сите дело на Виктор Петкоски за предност од 5:0.
Во игра во вториот дел влегоа уште и Самир Хасиќ, Марио Илиевски, Виктор Мирчевски, Мартин Спировски, Александар Ѓурковски и Марио Асенов. Токму новозвлезените Хасиќ и Асенов успеаа да се запишат во листата на стѕрелци во вториот дел, за конечен резултат од 7:0. Одлично издание за Вардарци, кои со овој триумф ја продолжуваат битката за тиулата во лигата. Во сабота го играме заостанатиот меч од 17 коло, на истиов терен со екипата на Шкупи.