Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > НАЈАВА! РК Вардар 2 во директен дуел со ХЈС Работник за пласман во супер-лигата, вечерва на Кале од 20 часот
НАЈАВА! РК Вардар 2 во директен дуел со ХЈС Работник за пласман во супер-лигата, вечерва на Кале од 20 часот

НАЈАВА! РК Вардар 2 во директен дуел со ХЈС Работник за пласман во супер-лигата, вечерва на Кале од 20 часот

Вечерва со почеток од 20 часот во спортскиот ракометен центар Кале ќе се одигра можеби решавачкиот натпревар за директен пласман во супер лигата, помеѓу екипите на РК Вардар 2 и ХЈС Работник. Ова се двете екипи кои најмногу прикажаа до овој дел од сезоната и кои се најголемите претеденти за првите две места во првата ракометна лига. Само првопласираниот ќе обезбеди директно учество од следната натпреварувачка сезона во најсилната супер лига, додека оној кој ќе биде втор ќе мора да игра дополнителен натпревар против екипа од плеј аут на супер лигата. Од тука и значењето на вечерашниот натпревар, на кој влогот за двете екипи е несомнено голем. Избраниците на Стојан Петрушевски се најпријатното изненадување во првата лига. Од шампиони во младинска конкуренција, овие момчиња за само една година ќе имаат можност да се борат за пласман во супер лигата. Играат одлична сезона, каде имаат забележано 13 победи и само 2 порази. На првиот натпревар одигран во Битола, противникот победи со минимални 25:24, што говори за израмнетиот квалитет на двете екипи. Битолчани силно најавуваат пласман во супер лигата од наредната сезона, а амбиците на клубот се се поголеми, откако е договорено првото засилување во името на Филип Чурлевски, од редовите на РК Вардар Јуниор.

Се надеваме на вистински ракометен спектакл вечерва на Кале, како што доликува на двете најдобри екипи во првата ракометна лига. Црвено-црните покажаа дека можат да се носат со било кој противник и сигурни сме дека ќе дадат се од себе да го совладаат големиот противник, кој од клупата е предводен од поранешните Македонски репрезентативци Иван Марковски и Александар Зарков. Дојдете на Кале од 20 часот да ги бодриме Вардаровите момци кон голема победа, која широко би ни ги отворила вратите кон пласман во супер лигата.