Според натпреварувачкиот календар во првата по квалитет македонска фудбалска лига односно плејофот црвено-црните во сабота во третото коло од плеј-оф сегментот ќе го одиграат единствениот меч надвор од арената “Филип втори“ во оваа четврта фаза од првенството. На “Велика сабота“ гостуваме кај тимот кој единствено ни нанесе пораз оваа фудбалска пролет ФК Силекс.
Кратовци со победата од 3-2 над Вардар минатиот меч помеѓу овие два ривала прекинаа серија долга 14 дуели без победа над скопските црвено-црни шампиони во најквалитатната фудбалска конкуренција. Во сабота одиме на победа за да им вратиме на кратовци кои ни ја закомплицираа работата по ненадејниот пораз, истот така за да влеземе во последните две кола во кои во игра се шест бода со предност од големи пет бода и речиси со сигурност да ја впишеме десетата црвено-црна фудбалска титула во историјата на брендот кој трае од 1947 до денес. Дуелот е закажан со почеток во 16-00 часот, на 30 април (сабота) и од него како и од сите досегашни дуели ќе има пренос преку видео стрим.