Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Капитенот на македонската репрезентација М-15, вардарецот Лука Наумовски прогласен за МВП на турнирот во Милано
Кошарка! Капитенот на македонската репрезентација М-15, вардарецот Лука Наумовски прогласен за МВП на турнирот во Милано

Кошарка! Капитенот на македонската репрезентација М-15, вардарецот Лука Наумовски прогласен за МВП на турнирот во Милано

Младиот вардарец капитенот на македонската кошаркарска селекција до 15 години  Лука Наумовски е прогласен за најкорисен кошаркар  -МВП на Меѓународниот турнир во Милано, Италија, на кој нашата репрезентација го освои бронзениот медал.

Бекот на црвено-црните Наумовски одигра четири одлични натпревари во црвено – жолтиот дрес на националната селекција на турнирот во Милано на кои секогаш беше меѓу најдобрите поентери и асистенти на средбите и на крајот заслужено од страна на организаторите го доби МВП признанието за најкорисен кошаркар. На свечената церемонија на доделувањето на признанијата на кое младите кошаркари од Македонија беа дел од подиумот и ги добија бронзените медали за освоеното трето место, на нашиот плејмејкер Лука Наумовски  му беше доделено вредниот МВП трофеј. Ова признание е уште еден доказ за квалитетната работа  со младите категории по која КК Вардар е познат! Честитки за младиот Лука.

фото: basketball.org.mk