Во саботата на теренот на новата академија на фудбалскиот клуб Вардар се одигра четвртиот пролетен турнир на фудбалската “Вардар Јуниор“ лига. Се одиграа вкупно осум натпревари, за генерации родени 2003 и 2004 година. Настапија екипите на ФК Вардар, Еуроспорт (Куманово), Ново Лисиче и Форца. Ви ја претставуваме нашата фотогалерија од дуелот помеѓу екипите на Форца и Ново Лисиче, во генерација “2004“, кој заврши со убедлив триумф на Форца. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 0:6. Новите играчи на Вардар од следната сезона, браќата Софијаноски постигнаа три гола и тоа Матео (2) и еден за Марко Софијаноски. Останатите погодоци беа дело на Емре Кадри, Давид Чеков и Емир Кусеиновски.