Европската ракометна федерација за “луѓе во црно“ на мечот Веспрем -Вардар ја делегираше судиската двојка Зигмарс Сондорс и Ренерс Ликис од балтичката држава Латвија. Тие ќе ја делат ракометната правда на мечот кој е закажан за сабота со почеток 17часот и 30 минути.
За судиски делегат е делегиран португалецот Антонио Гоулао, а за делегат на мечот европската куќа на ракометот го делегираше Дигфин Вилангер кој доаѓа од Норвешка. Во првиот меч унгарскиот шампион и европски вице-првак однесе победа со резулат 26-29.