Младинците и кадетите на ФК Вардар изминатата среда имаа многу важни дуели за нив. Младинците и кадетите се бореа да ја сочуваат својата предност стекната на домашен терен и да се пласираат во финалето во купот на РМ. Тоа им успеа и на младинците и на кадетите на Вардар. Младинците ги исфрлија врсниците од Работнички, а кадетите од ФК Милано.