Овој викенд младите Вардарови дечиња нема да имаат натпревари во детската фудбалска лига. Поради големиот празник Велигден натпревари овој викенд нема да има. Натпреварите ќе продолжат следниот викенд на вообичаените терени на ФК Работнички и на ФФМ.
Инаку и во детската лига се ближи крајот, односно доаѓаат клучните натпревари кој ќе биде шампион во своите генерации. Вардар во сите генерации ќе се бори за првото место.