Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Метрополис издржа само едно полувреме, РК Вардар 2 се врати на победите во првата лига
Метрополис издржа само едно полувреме, РК Вардар 2 се врати на победите во првата лига

Метрополис издржа само едно полувреме, РК Вардар 2 се врати на победите во првата лига

Денес продолжија натпреварите во рамките на првата машка ракометна лига. Во спортскиот рекреативниот центар Кале се одигра натпревар помеѓу екипите на РК Вардар и Метрополис. Црвено-црните се вратија на победите во лигата, после поразот во дербито со екипата на ХЈС Работник. Метрополис беше рамноправен противник само едно полувреме, во вторите 30 минути Вардарци ја покажаа својата сила и квалитет и забележаа убедлив триумф.

Тренерот Петрушевски го започна овој меч со Брауновиќ на голот, Димитровски и Димов како крила, Анастасовски на позицијата пикер, додека бековската линија ја сочинуваа Кукуловски, Крстевски и Трпчевски. Во првите девет минути од натпреварот, младите Вардарци беа во предност, а мечот со гол го отвори Стефан Крстевски. Имавме 4:3. од 3:1 и 4:2, по што во 11 минута следеше првото израмнување на натпреварот (4:4). Повторно средниот бек Крстевски носи водство за Вардар, по што следува серија на противникот од 1:3, за прво нивно водство од 7:8 во 18 минута од натпреварот. Мало опуштање во Вардаровиот состав, кој им дозволува на гостинската екипа да дојде до предност од три гола разлика (9:12), што беше најголема за една од двете екипи во првото полувреме. Предводникот на клупата, Петрушевски се одлучи да повика тајмаут и да ги смири своите момци. Неговите совети вродија со плод, младите Вардарци заиграа како што они најдобро знаат и брзо ја преземаа играта во свои раце, што им овозоможи серија од пет последователни гола, за предност од 14:12. Најзаслужен за резултатскиот превсрт во овој период беше бекот Трпчевски кој постигна дури четири од петте гола на Вардар. Тука беше и голманот Никола Кизиќ кој го замени Брауновиќ, забележувајќи неколку добри одбрани. До крајот на првиот дел по еден гол на двете страни за резултат 15:13 по првиот дел.

vardarfans pobeda za rk vardar 2

Второто полувреме започна со голот на Мартин Димов, за највисоки три гола предност 16:13. Овој дел од натпреварот добро го започнува Кизиќ, кој за пет минути на стартот на вториот дел собра 3 одбрани. Полека но сигурно почнавме да го контролираме натпреварот, со голот на Трпчевски имаме предност од 18:14. Во наредните минути се игра гол за гол на двете страни, што ни овозможува да ја одржуваме стекнатата предност. Метрополис немаше веќе сили да се надигрува со Вардар, кои прават нова серија од пет последователни гола за убедливи 26:18. Во игра во вториот дел влегоа Димчески, Стошиќ и Димковски кои продолжија да ја полнат противничката мрежа. Посебно активен беше крилото Димчески, кој во контра напади постигнуваше ефектни голови. Комплетно целиот состав кој беше на располагање за овој натпревар влезе во игра. Последните десет минути станаа чиста рутина за Вардарци, кои ја одржуваа позитивата од осум гола. Кизиќ со двојна одбрана од пенал, потврдува дека се наоѓа во одлична форма. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 36:28. Ова беше вкупно 14 победа за РК Вардар 2 во првата ракометна лига, со која се зацврсти на втората позиција.

Најфикасни во редовите на Вардар беа Стефан Трпчевски со 9 гола. Филип Дамчески, Стефан Крстевски и Тоше Ончев додадоа по 5.

РК Вардар-2: Кизиќ, Брауновиќ, Димов 4, Димовски 1, Анастасовски 2, Димитриевски, Наумовски, Стојковски, Дамчески 5, Стошиќ, Калков, Трпчевски, Кукуловски 3, Крстевски 5, Димковски 2, Ончев 5.