Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на РК Вардар Јуниор го “прегазија“ Металург и се пласираа на завршниот турнир
Младинците на РК Вардар Јуниор го “прегазија“ Металург и се пласираа на завршниот турнир

Младинците на РК Вардар Јуниор го “прегазија“ Металург и се пласираа на завршниот турнир

Вечерва во спортскиот рeкреативен  центар “Кале“ се одигра  дерби натпревар во рамките на младинската лига. Во групата 2, во  последното 10 коло од регуларниот дел  се сретнат екипите на Вардар Јуниор како домаќин и Металург кој беше гостин. Победникот од овој дуел екипата на Вардар која речиси и да го прегази својот противник, а вториот патник во оваа група на завршниот турнир е тимот на РК Пролет 62.

Први со гол мечот го отворија гостите од Автокоманда, по што во веднаш враќаме со гол во напад . Одигравме одлично во одбраната по примениот гол  успеваме да направиме серија 3-0 и да го преземеме  водството од Металург, по 5 минути игра на семафорот во “Кале“ резултатот беше 3-1 во корист на црвено-црните. Два од трите погодоци беа дело на Алија Амзоски.  Следеа минути на “сино-белите“ младинци кои со враќаат со иста мера и го преземаат водството, со резулат 3-4. Избраниците на Зоран Петковски не дозволија долго да бидат во негатива погодуваат трипати по ред и поведуваат со 6-4, по што клупата на Металург побара тајм-аут. По минутата одмор металурзите со два последователни гола изедначија на 6-6 точно на половина од првиот дел. Ова како да ги подразбуди црвено-црните кои кои трети пат прават вечерва серија од 3-0 за водство од 9-6. Во 22 минута од мечот првпат успеваме да отидеме на високи плус шест, резулатот е 13-7. Амзоски и Апостоловски беа наши најдобри поединци во моментите кога Вардар отиде на најголема позитива. На голот го имавме денес одличниот Куртановиќ, кој имаше неколку добри одбрани. По оваа најголема наша предост гостите заиграа поангажирано во следните пет минути  ја подобрија својата одбрана и почнаа да ја “топат“ нашата предност и со серија 1-5 во 27 минута намалија на 14-12. Во последните минути од првиот дел се играше гол за гол, но сепак профитираме ние и на одмор заминавме со 17-14.

55

Вториот дел започна со два последователни гола за тимот од Автокоманда за намалување на само еден гол негатива 17:16. Нашиот голман, Мурат Куртановиќ успева да одбрани удар од седум метри, додека на спротивната страна ние погодуваме од пенал и тоа во два наврати, за водство од 20:16. Сигурен реализатор беше Димитров. Металург не дозволува Вардар повторно резултатски да се одлепи, па со два гола во серија намалува на 20:18 во 42 минута од натпреварот. Избраниците на Зоран Петковски се подобра екипа на теренот, па со серија од 3:0 успева да се одлепи на солидно водство од 23:18. На нашиот гол дојде до замена, Кристијан Стојов го замени Куртановиќ и веднаш ја бележи првата интервенција. Тренерот Петковски им даде шанса на сите ракометари, кои беа на распогање на овој меч, на кој бевме ослабени поради неиграњето на капитенот Дамјан Трајковски. Вардар го контролира резултатот и на десет минути пред крај имаше шест гола позитива 26:20. Противникот е долго време без погодок, кој не успева да ја пробие нашата одбрана, а на голот Стојов ја забележува веќе третата одбрана откако влезе во игра. Апостоловски погодува за највисоки 28:20 на овој натпревар. На пет минути пред крајот беше решен победникот и патникот на завршниот турнир. Конечниот резултат гласеше 32:23. Со овој триумф нашите младинци обезбедија учество на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во младинската лига.

Најефикасни во редовите на Вардар беа Алија Амзоски со 9 и Стефан Апостоловски со 7 погодоци. Кристијан Лазов постигна 4, додека по 3 гола беа дело на Јовановски Горан и Никола Димитров.