Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > (ВИДЕО) ! Головите на Вардаровите генерации во дуелите со А.Пандев
(ВИДЕО) ! Головите на Вардаровите генерации во дуелите со А.Пандев

(ВИДЕО) ! Головите на Вардаровите генерации во дуелите со А.Пандев

Изминатиов викенд се одигра 18 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник на Вардаровите генерации беше екипата на Академија Пандев, против која беа забележани три победи и еден нерешен резултат.

Помладите пионери беа подобри од своите врсници од А.Пандев на гостувањето во Струмица. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 0:1. Стрелец на единствениот погодок беше Виктор Петкоски. Со овој триумф, избраниците на Сашо Јанев останаа во борбата за титулата. Погледнете го единстевениот погодок против тимот на А.Пандев.

Најубедливата победа во дуелите со А.Пандев ја постигнаа пионерите, кои покажаа дека се наоѓаат во одлична форма. Избраниците на Сашо Тодоровски остварија триумф со резултат 0:3. Марко Ѓорѓиевски постигна два гола, додека еден погодок беше дело на Кристиан Ристовски. Веќе утре можеме да ја решиме борбата за титулата, кога на домашен терен го пречекуваме директниот конкурент, екипата на Шкупи. Погледнете ги погодоците од гостувањето во Струмица.

Единстевени кои не победија беа кадетите, иако имаа голем број на шанси за освојување на трите бода. Сепак Струмичкиот бедем издржа пред нападите на Вардари и резултатот остана оној почетниот 0:0. Црвено-црните имаат за што да жалат на овој натпревар, сепак на крајот двете екипи ги поделија бодовите. Погледнете ги најинтересните моменти од овој натпревар.

Младинците на Вардар напрвија голем чекор кон освојување на титулата и тоа со победата против својот директен конкурент. Само еден гол го реши дербито на теренот во Марино, иако спред шансите А.Пандев требаше да замине со поголем пораз. Сепак најважно беше што освоивме три бода, кои ги донесе Кристијан Апостоловски.