Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите и младинците гостуваат во Ѓорче, во рамките на 19 првенствено коло
Кадетите и младинците гостуваат во Ѓорче, во рамките на 19 првенствено коло

Кадетите и младинците гостуваат во Ѓорче, во рамките на 19 првенствено коло

Денес на теренот во населбата Марино, натпревари од 19 првенствено коло ќе одиграат кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар, кои гостуваат во Ѓорче на истоимената екипа. Влегуваме во последните четири кола, во кои секој освоен бод е важен за конечниот исход на табелата.

-Кадетите на ФК Вардар ќе се обидат да се вратат на победите во лигата, откако одиграа само нерешено во минатото коло со екипата на Академија Пандев. Трите бода се повеќе од неопходни за избраниците на Влатко Колев, кои се во “грчевита“ борба за титулата. Во последните четири кола, екипата на Шкендија влегува со два бода повеќе од Вардарци, кои се достижни за нашите кадети. На првиот натпревар во есенскиот дел, црвено-црните забележаа триумф во дуелот со Македонија Ѓ.П, со конечен резултат од 2:0. Стрелци на головите на тој меч беа Дејан Маркоски и Кирил Китановски. Денешниот дуел ќе започне од 9 часот.

-Два часа подоцна на истиов терен, силите ќе ги одмерат младинските екипи на Македонија Ѓ.П и Вардар. Бодовите се повеќе потребни за нашите младинци кои се најголеми претеденти за освојување на титулата. Тие во минатото коло ја победија А. Пандев и се одалечија на четири бода предност од Струмичкиот тим, кој е наш најголем конкурент за трофејот. Екипата од Ѓорче е голем наш должник од есенскиот дел, каде одигравме само нерешено 0:0 на теренот на локомотива. Квалитетот е на страната на  Вардарци, кој треба да се потврди на денешниот меч. Триумф од овој натпревр би ги донел нашите младинци на уште еден чекор поблиску од освојување на трофејот во лигата.