-Најновиот проект на ракометниот клуб Вардар, т.н.р. “Јуниор лига“ во која се натпреваруваат ракометните школи од цела Македонија, за сега успешно се изведува и реализира. Во “Вардар Јуниор“ лигава се натпреваруваат повеќе од 20 ракометни школи, кои се дел од академијата на Вардар. Меѓу нив е и ракометниот клуб РК Војнисон- Вардар. Во следниов текст ве запознаваме со историјата на овој клуб.
-Идејата за формирање на нашиот клуб потекна пред две години откако згасна РК Партизан . По долги години во ракометот стекнавме многу пријатели. Во една таква прилика со нашата ракометна легенда Стефче Алушовски доје до идеја и соработка да отвориме негова школа во Кичево која истата школа беше во почетокот под РА Вардар. Моментално во нашиот клуб тренираат 87 членови, почнуваќи од генерација 2008 до 1998 година. Во клубот работат 4 тренери, едуцирани по нормите од РФМ и проектот и програмата на РА Вардар. Работиме во три спортски сали.
Големо е задоволството и честа да се натпреварува во “Јуниор“ лигата, каде се стекнуваат нови пријателства и се разменуваат мислења во врска со ракометната игра.
-Во јуниор лига се вклучивме од самиот почеток на проектот. Самата идеја и проект е одлична. Лигата како придобивка овозможува пред се согледување на нашата работа во однос на другите, а од друга страна со спојувањето на клубови од други градови доаѓа до размена на различни идеи и мислења од ракометната игра. Во лигата учествуваме со две генерации една во машка(1998-99) и женска(2000-01), односно истите се вклучени во Академии од различни ракометни регионални единици. Машките се во Академија 1(3чл) и 2(1 чл), а во женска Академија 2(7 членови). Мислам дека двајца членови од машката Академија 1, можат да се најдат во младинските категории на Вардар.
Добра е идејата од следната натпреварувачка сезона, “Јуниор“ лигата да се одржува и во други градови низ Македонија, со што овој проект на РК Вардар би добил на уште поголемо значење.
-По мое мислење натпреварите од Јуниор лигата во наредниот период или следен циклус треба да се организираат и во други ракометни центри на РМ исто така предлагаме вклучување и ангажирање на стручни лица од РА Вардар во градовите од каде би се створил увид и стручна помош во работата со оние деца кои не се вклучени во Јуниор лигата, изјави Војне Савески за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски