Денес и во четврток Македонската фудбалска репрезентација до 14 години ќе одигра два контролни натпревари со селекцијата на Кипар. Натпреварите ќе бидат одиграни на главниот тренинг центар “Петар Милошевски, а ќе бидат како подготовка за турнирот на академии кои се под покровителство на УЕФА, чиј домаќин ќе биде истиов терен. На истиов во периодот од 15-21 мај учество ќе земат академиите на Белорусија, Ерменија и Грузија.
Во составот на оваа млада репрезентација која ја предводи селекторот Марио Вујовиќ се најдоа 5 играчи на фудбалскиот клуб Вардар. Голманот Марко Станковски, стоперот и капитен на генерација “2002“ Далибор Костовски, исто така играч од одбраната Александар Ѓурковски, од средниот ред Леонид Игнатов и напаѓачот Марио Илиевски се дел од Македонската репрезентација до 15 години.