Највоздрасните две младински категории на фудбалскиот клуб Вардар – младинците и кадетите денес во гости ги одиграа двата свои дуели од 19.коло во нивните конкуренции. Двете екипи предоводени од Колев и Калц забележаа победи на гостинските мечеви кај ФК Македонија Ѓорче Петров. Со што останаа во борба за круната во својте категории. Младинците по ова 19 коло останаа на четири плус на врвот на табелата во однос на ФК Академија Пандев, а пак кадетите се два бода зад Шкендија која овој викенд обезбеди минимална победа над Милано со 0-1 и со тоа остана во позитива пред нас.
Двете наши младински категории однесоа победа и три бода в гости со постигнати по три гола во мрежата на црвено-жолтите. На денешните дуели Младинците на Вардар однесоа победа, против екипата на Македонија Ѓ.П. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 1:3. Стрелци на головите беа Теодор Димитровски, Дарко Додевски и Јасир Беќири. Hа теренот во Ѓорче се одигра фудбалски натпревар и помеѓу кадетските екипи на фудбалскиот клуб Вардар и Македонија Ѓ.П. Подобри беа црвено-црните, кои забележаа победа со резултат 0:3. Стрелци на головите беа Дејан Стоименов, Дејан Маркоски и Марко Ѓорѓиевски.
Следното коло наш противник за сите четири категории е екипата на нашиот скопски ривал фудбалскиот клуб Металург.