Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар оди на трет триумф со Слога, за да ја завериме 10-та титула
Вардар оди на трет триумф со Слога, за да ја завериме 10-та титула

Вардар оди на трет триумф со Слога, за да ја завериме 10-та титула

Во недела на 8-ми мај е закажан претпоследниот дуел од плеј- офот односно 31 коло за црвено-црните во оваа натпреварувачка сезона 2015/ 2016. Истиот ќе го играме како домаќини со екипата од скопската населба Чаир тимот на ФК Слога. Ние сме домаќини на дуелот, но нема да го играме на својот матичен стадион, бидејќи Фудбалската федерација на земјава не казни со два домашни дуела надвор од истиот поради инцидентот на трибините во мечот со тетовска ФК Шкендија.

За локација на одигрување ќе треба да се одбере терен на 100 километри надвор од метрополата и истата дополнително ќе ни биде позната. Во досегашниот дел од оваа сезона со тимот од Чаир се сретнавме три пати, единствено во првото коло изненадувачки они успеаа да извадат реми 2-2 во меч во кој целосно беа наиграни и успеаа да остварат поволен резулат од само две акции во кои ги постигнаа головите за 2-2. Потоа следуваа два дуела со нив според системот кој на сила во Првата фудбалска лига ги игравме истите на гости и во двата покажавме дека сме апсолутен фаворит и однесовме две победи. Во првата победивме 0-3 со головите на Ивановски, Блажевски и Љамчевски, а во втората минимално победивме со голот на Фелипе. Во недела очекуваме трет триумф со Слога, иако за нас потребен е само еден бод во овој или следниот дуел со Работнички да се крунисаме со 10-та титула “Државен првак’’. Се очекува избраниците на Гоце Седлоски уште на “првата меч топка“ да не израдуваат со најзначајниот пехар во македонскиот клубски фудбал.