Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Пет Вардарци дел од Македонската фудбалска репрезентација до 15 години
Пет Вардарци дел од Македонската фудбалска репрезентација до 15 години

Пет Вардарци дел од Македонската фудбалска репрезентација до 15 години

Денес и во четврток Македонската фудбалска репрезентација до 14 години ќе одигра два контролни натпревари со селекцијата на Кипар. Натпреварите ќе бидат одиграни на главниот тренинг центар “Петар Милошевски, а ќе бидат како подготовка за турнирот на академии кои се под покровителство на УЕФА, чиј домаќин ќе биде истиов терен. На истиов во периодот од 15-21 мај учество ќе земат академиите на Белорусија, Ерменија и Грузија.

Во составот на оваа млада репрезентација која ја предводи селекторот Марио Вујовиќ се најдоа 5 играчи на фудбалскиот клуб Вардар. Голманот Марко Станковски, стоперот и капитен на генерација “2002“ Далибор Костовски, исто така играч од одбраната Александар Ѓурковски, од средниот ред Леонид Игнатов и напаѓачот Марио Илиевски се дел од Македонската репрезентација до 15 години.