Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци како на тренинг си поиграа со Макс-Струмица, за нова победа во супер лигата
Вардарци како на тренинг си поиграа со Макс-Струмица, за нова победа во супер лигата

Вардарци како на тренинг си поиграа со Макс-Струмица, за нова победа во супер лигата

Денес во салата “Парк-Струмица“ се одигра четвртото коло од плејофот од супер-лигата, помеѓу екипите на Макс Струмица и Вардар. Полесно од очекувањата, црвено-црните како на тренинг ја прегазија домашната екипа и ја забележаа четвртата победа.

Први поведоа Вардарци од контра преку Дибиров во првата минута, а веднаш потоа зголемуваме на 0:2 преку Карачиќ. Домаќините успеваат да постигнат почесен гол во нивниот трети напад. Русинот Дубиров не успева да зголеми од пенал и од одбиената топка од истиот. Домаќините промашуваат уште еден напад, а Дибиров се вади за промашувањето и во контра забива за 1:3. Во продолжението преку брзи контра напади го “решетаме голот“  на струмичани и правиме серија 0:3 со која поведуваме прв пат со пет гола, односно 1:6. Домаќините конечно постигнуваат втор гол, но веднаш примаат три редоследни погодока во својата мрежа и при резулат 2:9 нивната клупа се одлучува да побара минута одмор. Ништо не смени ни овој тајмаут на Струмица, Дибиров продолжи со својата голеада, зголемувајќи на 2:10, додека во 18 минута имавме и двоцифрена предност од 4:14, со голот на Душебаев. Следуваат два погодока во серија и на пикерот Марсениќ за зголемување на водството на 4:16. Како на тренинг играше нашиот шампион на овој меч, половина од головите во првото полувреме беа постигнувани преку брзи контра напади. Стрелците се менуваа како на филмска лента, за на одмор да заминеме со убедливи 10:25.

По само пет минути игра во вториот дел, поведуваме и со 10:30, најистакнати во овие почетни минути беа Лазаров и Манасков, кој го замени Дибиров во овој дел од мечот. Струмица сеуште не ја затресе мрежата на Ангелов, кој речиси и да беше без работа на овој натпревар, иако имаа шанса преку крило, но топката ја погоди стативата. Вардарци немилосрдни продолжија да ја полнат противничката мрежа, веќе нивната серија беше 0:9 за резултат од 10:34, што беше знак за нов тајмаут од домашната клупа. Советите на тренерот донесоа конечно погодок за Струмица во второто полувреме. Во следните минути, противникот беше поефикасен, но Вардар сепак беше тимот кој постигнуваше повеќе погодоци. Манасков со гол од контра зголемува на 14:32. Набргу стигна и предност од 30 голови разлика, на семафорот резултатот гласеше 16:46, за нова минута одмор од клупата на Струмица. Најубавата акција беше дело на Лазаров и Шишкарев кој проиграа со цепелин, а капитенот го имаше завршниот удар.Конечниот резултат гласеше 19:51.

Веќе утре не очекува нов натпревар во супер-лигата, на домашен терен против екипата на Прилеп.