Нашиот женски ракометен шампион веќе стигна во Будимпешта, каде во сабота и недела ќе биде одигран завршниот турнир на најдобрите четири европски екипи. Нашите девојки со авион стигнаа до Виена, а од таму со автобус до Будимпешта. Во одлично расположение црвено-црните полека се подготвуваат за предизвикот кој им претстои, а тоа е прва европска титула во историјата на Вардар. Прва пречка кон остварување на главната цел, ќе ни биде добро познатата екипата на ЦСМ Букурешт. Полуфиналето е закажано за сабота, со почеток од 17:45 минути, со директен преност на МРТ-1.
Вардар ќе има поддршка од сигурно повеќе од 200 навивачи, кои во наредниве денови треба да допатуваат во Унгарија. Денес екипата има уште повод за славење, а тоа е роденденот на Андреа Кликовац.