ФФМ го одреди Далибор Ѓорѓевски да ја дели правдата на неделниот натпревар помеѓу екипите на нашиот ФК Вардар и чаирска Слога. На Далибор Ѓорѓевски ќе му помагаат Орце Стефановски од Кратово и Мартин Петковски од Куманово. Четврти судија ќе биде Стојанче Стојанов од Штип. Делегат на мечот е Виктор Ефтимов од Кочани.
Инаку натпреварот ќе се одигра во Пробиштип во 16 часот, Вардар со победa или нерешен резултат и официјално ќе биде старо – новиот шампион на Македонија.