Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! АК Вардар ќе има уште двајца преставници во недела. Димитровски и Станковиќ со настап на 5км во рамките на Скопски Маратон

АТЛЕТИКА! АК Вардар ќе има уште двајца преставници во недела. Димитровски и Станковиќ со настап на 5км во рамките на Скопски Маратон

13140851_10205926597913901_192338672_n

Во недела на  8.мај со почеток во 8:45 часот по 12 пат ќе се одржи Виз Ер Скопскиот Маратон. Според очекувањата се очекува да настапат преку 10.000 тркачи поделени во 4 дисциплини од преку 50 земји од целиот свет. Црвено-црниот атлетски колектив како што известивме ќе има четири преставници на во двете најважни и најтешки дисциплини маратонската трка на 42.195км, полумаратон 21.097км, но исто така ќе имаме плус двајца момци и на  5-километарската трка .

Игор Димитровски и Стефан Станковиќ ке настапат за АК Вардар на трката на 5 километри во рамките на скопскиот маратон која што е наменета за рекреативци и атлетичари кои настапуваат на кратки и средни патеки. Димитровски и Станковиќ се членови на АК Вардар од 2013 година. Досега имаат настапувано на трките на 100 метри и на неколку државни првенства во крос кантри. Тие се редовни учесници на Скопскиот маратон. Континуирано настапуваат на нашата најмасовна атлетска манифестација од 2012 година.