Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! На Скопскиот маратон Вардар со четири атлетичари ќе земе учество
АТЛЕТИКА! На Скопскиот маратон Вардар со четири атлетичари ќе земе учество

АТЛЕТИКА! На Скопскиот маратон Вардар со четири атлетичари ќе земе учество

На 8-ми Мај Недела со почеток во 8:45 часот по 12 пат ќе се одржи Виз Ер Скопскиот Маратон. Се очекува да настапат преку 10.000 тркачи поделени во 4 дисциплини од преку 50 земји од целиот свет. Главна ќе биде маратонската трка на 42.195км, полумаратон 21.097км, потоа следи штафетниот маратон и трката на 5км која е наменета за рекреативци и атлетичари кои настапуваат на кратки и средни патеки.

Главниот збор во АК Вардар го има легендата Трпе Мартиновски. Атлетичарите на Вардар тренираат комплетно под негова контрола. Пред трката од таборот на АК Вардар воздржани се од било какви изјави за очекувањата околу нивните резултати и цели на Скопскиот Маратон. Вардарци комплетно го пропуштија Националното првенство на 10.000 метри кое се одржа на Националната арена Филип Втори на 23 Април, се со цел максимално подготвени да истрчаат на Скопските улици.

Трпе Мартиновски ќе настапи на Маратонот. Иако веќе навлезен во 6-тата деценија од својот живот представува сериозна закана за домашните атлетичари. Силна е конкуренцијата меѓу домашните маратонци. Мартиновски е искусен ветеран со преку 110 маратони во кариерата. Ќе атакува на медал со малку среќа може повторно да се искачи на тронот. Маратонската легенда и рекордер на Македонија во Маратон со резултат 2:25:06.

Дејан Василевски ќе го трча својот дебитански маратон. Младиот Василевски силно го посакува финишот на пеколната 42 километарска делница. Свесен со напорот со кој треба да се соочи нестрпливо го очекува 8 Мај и својот дебитански маратон!

Петре Завировски на 8 Мај ќе го трча својот 13 полумаратон во кариерата. Зад себе има два настапи на 30км во Охрид и два маратони 42.195км. Негов најдобар резултат на полумаратон е 1:17:35 истрчан пред две години во Драч на балканското првенство во полумаратон. Завировски ќе го напаѓа својот најдобар резултат. Завировски кратко додава: “Имам не наплатен долг на Скопски маратон. Пред 2 години не трчав поради повреда. Мината година се откажа Маратонот. Оваа година не смее да лизне без борба резултатот.”

Марко Ивановски ќе настапи на полумаратонската трка. Покрај многубројните повреди кои го пратат Ивановски брзо се рехабилитира и враќа во форма. Цела кариера ја помина во Вардар. 15 сезони има во црвено црниот дрес. Вардарова гордост. Оваа сезона истрча 3 полумаратони. Настапи во Барселона, Скопје и Белград. Тој ќе биде пејсмејкер на полумаратонот за резултат 1:45