Избраниците на Пепи Манасков по победата вчера имаат освоено 27 бода, со кои привремено на делба на првото место со лидерот екипата на РК Пелистер, но битолчани се уште го нема играно својот меч во ова 3-коло од плејаутот. Младите вардарови ракометари на овој дуел победија тесно и во неизвесен финиш, иако цел меч бевме подобар противник и бевме во константно водство. Водевме во првиот дел и со 12-9 па и со 15-12, но за жал дозволивме противникот да се избори за нерешени 19-19 и така да замина на одмор. Во вториот дел ракометарите на Вардар јуниор повторно го наметна своето темпо и некаде по 10 минута игра личеше дека се е решено околу победникот, но така не мислеаа и гости. Ние водевме со 26-22, по што изненадувачки почна една неочакувана резултатска криза во играта на младите вардарци, направивме серија грешки по кои гостите од Радовиш во 50. минута изедначи на 27-27, давајќи си шанси за изненадување во „Кале“. Сепак среќата до крај се наклони на наша страна. Најистакнат поединец беше Градимир Чаневски кој одбрани серија на доста важни топки до крајот на дулот. Во нападот добра играа Мартин Манасков и Димитар Георгиевски, па Вардар јуниор стигна до победата која ја заслужи. Следниот меч е веќе во петок, кога во дербито на плеј-аутот му гостуваме на Пелистер во Битола, во битка за првата позиција. Вардар јуниор: Чаневски, Ивановски, Филиповски, Костовски, Недановски 3, Георгиевски 3, Тренчевски 6, Симиќ 1, Ангелов, Јовчевски 3, Андовски 2, Ристов, Манасков 3, Поповски 5, Вујачиќ 3, Давитковски 2.