Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Одличниот Евгениј Новак во тандем со Грнчаров
Одличниот Евгениј Новак во тандем со Грнчаров

Одличниот Евгениј Новак во тандем со Грнчаров

Се подобри и подобри партии во црвено – црниот дрес прикажува Украинскиот интернационалец кој игра на централните позиции во одбраната, Евгениј Новак. Новак заедно во стоперски тандем со капитенот Бобан Грнчаров одлично ја понесоа одбраната против тетовска Шкендија. Новак иако во првиот дел од сезона не добиваше скоро никаква шанса, оваа пролетна полусезона покажа дека се работи за играч кои може да одигра на квалитетно ниво во одбраната, тоа Новак го покажа и на зимските подготовки во Анталија каде што прикажа солидни партии, што беше доволен знак за тренерот Седлоски да му даде шанса и на првенствените натпревари. Инаку мора да се напомене дека Новак ја користи својата шанса во целост, бидејќи во тимот се повредени Таневски и Немања Мијушковиќ, а кога ќе се врати Мијушковиќ, Седлоски ќе биде на ”слатки маќи”.

Инаку Новак има договор со Вардар се до крајот на оваа сезона, а дали истиот ќе му биде продолжен останува да видиме. Новак во својата кариера има настапувано за украински клуб Динамо Киев, каде и ја започна кариерата, а играше и за Севастопол, односно Волин Лутск. Оваа сезона Новак има одиграно 10 натпревари за Вардар, односно 712 минути.