Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > КУГЛАЊЕ! Точно две години од како група ентузијасти го вратија светото име “Вардар“ на кугларските борилишта низ земјава
КУГЛАЊЕ! Точно две години од како група ентузијасти го вратија светото име “Вардар“ на кугларските борилишта низ земјава

КУГЛАЊЕ! Точно две години од како група ентузијасти го вратија светото име “Вардар“ на кугларските борилишта низ земјава

Точно две години минаа од како група неуморни ентузијасти решија да ги вратат светите за скопјани шест букви “В-А-Р-Д-А-Р“ во кугланите каде црвено-црните повеќе од деценија ги немаше на овие спортски борилишта. Пред точно две години на вчерашен ден случи основачкото собрание на Кугларски Клуб Вардар , каде удрени темелите на сегашниот кугларски македонски вице-шампион  KK Вардар.

Димитровски Димитар и Дарко двајцата браќа несебично се дадоа во овој проект , првиот е председател на клубот а вториот негов заменик. Тие и сите околу нив тренерот Драги Димитровски, и останатите колеги внесоа многу енергија за да повторно црвено-црниот кугларски колектив биде фаворит во сите дуели кој  се играат  во земјава, освен единствено со шампионот Кк Макпетрол , меч кој го носи епитетот-Дерби на Македонија во куглање.  По само две години постоење во ваков формат Вардар  е двапати вице-првак на  Македонија, а во купот лани освоивме пехар,  а годинава ќе се задоволиме само со сребро од овие мечеви. Вардар е  жив клуб со многу надеж, квалитет, истрајност, работа  кој го поседува и прашање на време е само кога ќе дојде на врвот.