Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > НАЈАВА: Вечерва на Кале, младинското ракометно дерби Вардар Јуниор-Металург, кој ќе го даде патникот на Ф4
НАЈАВА: Вечерва на Кале, младинското ракометно дерби Вардар Јуниор-Металург, кој ќе го даде патникот на Ф4

НАЈАВА: Вечерва на Кале, младинското ракометно дерби Вардар Јуниор-Металург, кој ќе го даде патникот на Ф4

Вечерва во спортскиот ракометен центар Кале ќе биде одигран уште еден дерби натпревар во рамките на младинската лига. Во групата 2, во рамките на последното 10 коло од регуларниот дел ќе се сретнат екипите на Вардар Јуниор и Металург. Победникот од овој дуел, ќе го даде вториот патник во оваа група на завршниот турнир. Првиот е веќе екипата на Пролет 62, која е сигурен учесник на Ф4.

Избраниците на Зоран Петковски пред одигрување на последното коло се наоѓаат на второто место на табелата со три бода повеќе од денешениот противник. На првиот натпревар одигран во есенскиот дел, во спортската сала во Автокоманда, црвено-црните забележаа победа со резултат 20:23. На тој меч имавме можност да гледаме две различни полувремиња, откако по првиот дел домашната екипа имаше водство од 13:10. Сепак во второто полувреме, Вардарци комплетно го свртеа резултатот во своја корист и на крајот сосема заслужено победија. Јунак и творец на пресвртот беше голманот Кристијан Стојов, кој имаше голем број на успешни интервенции. Во пресрет на вечерашниот меч, нашите младинци се наоѓаат во поволна ситуација во однос на пласманот на завршниот турнир. Во случај на ист број на бодови со екипата на Металург, на крајот ќе одлучува меѓусебниот дуел. Така Вардар Јуниор доколку сака да игра на Ф4, вечерва на Кале не смее да загуби повеќе од три гола. Сепак не смее да се игра на таа “карта“ и со сигурна игра од самиот почеток треба да се стекне предност, која би ни ветила поволен резултат на крајот од  мечот.

Во другата група 1, сигурен учесник на Ф4 е екипата на Металург 2, додека за второто место борба водат екипите на Пелистер, Преспа и РК  Вардар. По одигрување на денешните натпревари ќе бидат познати сите патници на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во младинската лига.