Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите со теоретски шанси за титулата, младинците ги дели уште една победа до шампионското славје
Кадетите со теоретски шанси за титулата, младинците ги дели уште една победа до шампионското славје

Кадетите со теоретски шанси за титулата, младинците ги дели уште една победа до шампионското славје

Изминатиов викенед се одигра 20 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Свои настапи имаа кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар, кои за противник ја имаа екипата на Металург.

-Кадетите на Вардар неочекувано беа поразени од своите врсници од екипата на Металург со резултат 0:2. Кзната не стигна на овој меч, откако не успеавме да реализираме неколку добри прилики, а на спротивната страна умешно гостинскиот тим погодуваше. Со овој пораз, нашите кадети ги изгубија шансите за титулата, иако сеуште има некоја теорија, која говори во последните две кола Шкендија и Металург да ги загубат своите мечеви, а Вардарци да ги добијат остананатите два дуели, што е речиси и невозможно. Шкендија со триумфот во Тетово против Победа, се наоѓа на само уште една победа до титулата. Тие имаат 47 бода, четири повеќе од Металург (43) и пет од Вардар (42). Во следното претпоследно 21 коло гостуваме на екипата на Ренова. Ова е максиумот што го направи тренерот Влатко Колев од оваа генерација, која минатата сезона како пионери завршија на средината на табелата.

-За разлика од кадетите, младинците на Вардар немаа поголеми проблеми во дуелот со Металург, добивајќи го со убедливи 5:0, со кој им вративме за поразот од есенскиот дел на Железарница. Со овој триумф, избраниците на Љупчо Марковски се на уште една победа до освојување на титулата во малдинската лига. Нивниот најголем конкурент за првото место, екипата на Академија Пандев ја оправда фаворитската улога против Милано и славеше со резултат 4:0. Така на две коал пред крајот на сезоната, бодовната разлика меѓу Вардар и А. Пандев останува четири бода во корист на нашиот состав. Уште во следното коло можеме да ја осигураме титулата, доколку победиме на гостувањето против Ренова.Струмичани ќе гостуваат во Прилеп, на екипата на Победа. Очекуваме на коло до крајот да го добиеме следниот меч и да започнеме со славјето.