Екипата на ЦСМ Букурешт е новиот европски владател, откако во големото финале од лигата на шампиони ја победи екипата на Ѓер. Победникот беше решен дури по изведување на удари од седум метри, откако во регуларниот дел и двете продолженија по 5 минути резултатот беше израмнет.
Имавме можност да гледаме вистинско финале и натпревар кој беше многу израмнет. Во текот на сите 60 минути, ниту една од екипите немаше поголема предност од два гола разлика. Унгарките пропуштија голема шанса на два пати да го решат победникот. Најпрво пред крајот на регуларниот дел имаа водство од 21:19, но Романките успеаа релиси во последните секунди да израмнат на 22:22 и да го донесат натпреварот во прдолженија. По првите пет минути, Ѓер повторнои имаше водство од два гола, со кои влезе во последните две минути. Кога се чинеше дека се многу блиску до триумфот. Букурешт повторно собра сили да се врати и со голот на Гулден да израмни на 25:25, по што се пристапи кон изведување на седмерци.
Во пенал рулетот, херој за Букурешт беше новата голманка на Вардар, Мајса Песоа која успеа да обрани два пенали на Ѓер. На голот најпрво застана Грубишиќ која не успеа да го одбрани првиот пенал на противникот, па тренерот Расмунсен се одлучи на голот да ја стави Песоа, што на крај се покажа како вистинско решение. Дефинитивно Бразилката на голот на Букурешт беше најзаслужна за европската тиутла. Се надеваме дека иста ваква ќе донесе и за нејзиниот нов тим во следната натпреварувачка сезона.
За МВП на завршниот турнир беше прогласена Јелена Грубишиќ, додека најдобар стрелец е Изабел Гулден и двете од редовите на новиот европски шампион. Вардар трета година по ред го освои бронзениот медал, спо победата над екипата на Будуќност.