Иако вчера и официјално “го впишавме“ десетиот шампионски пехар во црвено-црната историја долга децении, поточно од далечната 1947 до денес за истиот ќе почекаме десетина дена. Следен меч за нас е оној од последното 32-коло во првата македонска фудбалска лига со тимот на ФК Работнички и според востановените првила во мак.фудбалот тогаш црвено-црниот вардаров фудбалски колектив ќе се круниса.
Мечот е закажан за релативно лош термин односно работен ден , четврток со почеток во 16часот и 30 минути на 19 месецов. Добра прилика за нас е што тој го играме условно како гости на арената “Филип втори“ во Скопје бидејќи доколку бевме домаќини ќе игравме 100 км надвор од метрополата во ваков термин многумина верни навивачи и симпатизери на ФК Вардар нема да беа во можност да присуствуваат на доделувањето на шампионскиот пехар кој е десети за нашиот љубимец. Дополнителни информации се очекуваат во следните денови за тоа каква ќе биде програмата за прослава на клубот и на навивачите, за потсетување за изминатите титули имаше навивачки каравани, забава во Градскиот парк и.т.н Како и да е среќна нека ни е, и нека ни донесе долга фудбалска европска есен во која конечно повторно ќе го наполниме и обоиме градскиот стадион во целост во нашите две свети бои црвен и црно.