Во меч од плеј-офот во женската Скопско Супер Лига младите вардарки од екипата на Жрк Вардар јуниор однесоа убедлива победа против ЖРК Пелистер во 5-тото коло. Избраничките на Симе Симовски прикажаа одлична игра, особено во одбраната, а тоа го крунисаа во нападот за победа од 29-15.
Мечот го почнавме одлично со серија од пет последователни погодоци за одлично отварање на мечот со 0-5. но битолчанки одговорија со серија 4-0 и намалија на еден негатива 4-5. Следуваше повторно период во кој доминиравме и направивме серија 1-5 со што ние поведовме повторно со пет погодоци односно 10-5 во наша корист. Во продолжение игра гол за гол во која нашата предност остана на плус пет се до пред финишот кога беше 8-13 на семафорот во салата “Младост“ во Битола. Во финишот со серија од два последователни гола идеме на највисоки седум разлика во мечот и на паузата заминуваме со 8-15. Во вториот дел домаќинките старуваат со почесен погодок. Тренерот на младите вардарки Симе Симовски комбинираше со составот и им даваше шанса на сите ракометарки во вториот период. Играта се базираше на принцип гол за гол, предноста остануваше иста седум плус во наша корист се до 13-20 до кога погодивме двата тима по пет пати успешно. Овде се сличува главниот распат во играта на домаќинките тие во наредните минути не успеваат да ја пробијат нашата одбрана, ние сме убоити во напад и со серија 1-6 ја зголемуваме предноста од седум на дванесет гола, односно поведуваме со 14-26 момент по кој победникот веќе беше сигурен само прашање беше конечната гол разлика на овој дуел. Докрајот повторно на сцена е иста игра на теренот повторно серија за нас 1-3 и конечниот резулат 15-19 кој е всушност најголемата предност која ја достигнавме на дуелот.
Вардар јуниор: Белмезова, Ладева, Прленда 4, Петровска 2, Стојановска 2, Трпковска 3, Ѓорѓиевска 3, Николовска 3, Митова 2, Бојаџиска, Нолевска 3, Велкова 2, Трајчевска 2, Керамичиева 1, Мишевска 1, Гичевска 1