Изминатиов викенд во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански се одиграа натпревари во ракометната Јуниор лига, во машка конкуренција. Екипата на РК Илинден-Вардар одигра два натпревари, на кои забележа една победа и пораз.
Кај генерација родени 2000/01 година, РК Илинден беше поразен во дуелот со екипата на РК Урдаревски. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 15:17. Во најголем дел од мечот, тимот на Урдаревски имаше водство, иако мечот беше незивесен до самиот крај. Урдаревски го отвори натпреварот со погодок за водство од 0:1. Првото и единствено водство на овој меч, екипата на Илинден го имаше во 5 минута, кога поведе со 3:2. Од тој момент РК Урдаревски ја презема предноста, со серија од три последователни гола има водство од 3:5. За момент само Илинден ја намали негативата, по што следи нова серија на погодоци за предност од 4:8 за екипата на Урдаревски.Иленден не се предаде и успеа со подобра игра комплетно да се врати во игра, израмнувајќи на 8:8. Сепак последните три гола им припаднаа на Урдаревски, за на полувреме да имаат предност од 8:11.
Оваа разлика се одржуваше се до првата половина на второто полувреме, кога двете екипи играа гол за гол. При резултат 11:14, Илинден успева да постигне три последователни гола и повторно да го израмни резултатот на 14:14. Следеше по еден гол на двете страни за 15:15, но во последните две минути Урдаревски погодува два пати, за конечни 15:17 и победа за нив.
Сличен тек имаше вториот натпревар за РК Илинден, но во генерација родени 2002/03 година. Противник им беше екипата на РК Бисинов, но сега остварија триумф со резултат 21:18. Илинден одлично го започна мечот, имаше предност од 3:0, но Бисинов во следните четири минути успева да направи целосен пресврт и да поведе со 4:5. Следи брзо одговор на РК Илинден кој прави серија од 5:0, за највисоки 9:5. До крајот на првото полувреме ја одржуваа стекнатата предност и на одмор се замина со резултат 12:9.
Во второто полувреме, екипата на Илинден имаше целосна контрола на играта и резултатот. Постојано беа во предност, единствено што дозволија на противникот да се доближи на гол негатива 16:15. Од тогаш следеше серија на Илинден од 3:0, за враќање на највисоките 19:15. До крајот, Бисионов заигра подобро, но доволно само да намали на 21:19, што беше и конечен резултат на натпреварот.