Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младинците во Тетово по “заверка на титулата, пионерските екипи во драматичен финиш за првото место
Младинците во Тетово по “заверка на титулата, пионерските екипи во драматичен финиш за првото место

Младинците во Тетово по “заверка на титулата, пионерските екипи во драматичен финиш за првото место

Претстојнив викенд ќе биде одиграно претпоследното 21 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник за сите Вардарови генерации ќе биде екипата на Ренова. Пионерските екипи во недела на теренот во Марино ќе бидат домаќини, додека кадетите и младинците ќе бидат гости во сабота.

-После вчерашната победа против Металург, помладите пионери останаа во трка за титулата со екипата на Работнички, кој е лидер во оваа категорија со еден бод повеќе од Вардар. Ништо сеуште не е загубено и мораме до крај да одиграме борбено и да се надеваме до последната минута дека можеме да стигнеме до титулата. Во есенскиот дел, успеавме да победиме на гостувањето во Тетово со минимални 0:1. Тогаш стрелец на единствениот погодок беше Виктор Петкоски. Црвено-црните се големи фаворити на овој дуел и се очекува да ја продолжат победничката серија. Директниот конкурент за трофејот, екипата на Работнички на домашен терен ќе ја пречека последнопласираната Македонија Ѓ.П.

-Уште две пречки останаа за пионерите на Сашо Тодоровски до остварување на конечната цел. По триумфот против Металург се вративме на првата позиција на табелата, со бод повеќе од тимот на Шкупи. Ренова ќе биде претпоследниот предизвик за нашите пионери, кои и според квалитетот и домашниот терен се апсолутни фаворити во овој дуел. Мотивот за триумф кај црвено-црните ќе биде поголем, ако се знае дека во есенскиот дел бевме “неочекувано“ поразени на гостувањето во Тетово, со резултат 2:0. Ренова е наш должник, а значењето на овој натпревар е уште поголемо, бидејќи со победа ќе останеме на првата позиција, на коло пред крајот на сезоната.

-Кадетите растеретени ќе влезат во последните две кола од сезоната. После поразот во минатото коло од тимот на Металург, речиси и да ги загубивме шансите за титулата, иако теоретски сеуште сме во некаква игра. Шкендија со триумф во ова коло би ја заверила титулата во конкуренција на кадети. Во есенскиот дел бевме убедливи во дуелот со Ренова, совладувајќи ја со убедливи 4:0. Мечот ќе се одигра во сабота со почеток од 10 часот.

-Младинците можат да бидат првите од Вардаровите категории, кои на коло пред крајот можат да ја заверат титулата. Пред одигрување на претпоследното коло, избраниците на Љупчо Марковски имаат четири бода повече од второпласираната А. Пандев. Триумф во Тетово би значело и титула за Вардарци. Во есенскиот дел бевме подобри од истиов противник со 2:1, со головите на Даци и Ричков. Сигурни сме дека нашите момци ќе дадат се од себе на ова гостување, да заминат со три бода и да ја прослават шампионската титула. Натпреварот во Тетово ќе започне од 12 часот.