Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар Јуниор не успеа да се пласира во финалето на купот
ЖРК Вардар Јуниор не успеа да се пласира во финалето на купот

ЖРК Вардар Јуниор не успеа да се пласира во финалето на купот

Екипата на Металург е првиот финалист во купот на Македонија во женска конкуренција, откако денес беа подобри од Вардар Јуниор. Овој меч се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда и заврши со резултат од 23:19.

На натпревар со мал број на постигнати голови, противничкиот тим сепак на крајот беше поуспешен. Првата половина од мечот помина во израмнета игра, каде противникот имаше постојана предност. Сепак до крајот на првото полувреме со серија од неколку погодоци, Металург  успеваше полека но сигурно да се одлепи резултатски и на полувреме да има највисоки шест голови предност 13:7.

Во вториот дел се играше гол за гол, кој повеќе им одговараше на домашниот тим. Црвено-црните на моменти успеваа да намалат, но сините враќаа со иста мера. Вардар Јуниор немаше сили да се врати во натпреварот, а финишот ни припадна нам, кога успеавме да намалиме на четири голови разлика, што сепак не беше доволно за пласман во големото финале. Најефикасна во нашиот состав беше Наташа Нолевска со 5 погодоци, додека по 4 постигнаа Симона Стојановска и Маја Трпковска.

Во другото полуфинале, кое е на програмата денес со почеток од 16:15 часот ќе се сретнат екипите на ЖРК Вардар и Куманово. Вардарки се големи фаворити за освојување на купот, а истиот го бранат од минатата сезона, кога бевме подобри во финалето од екипата на Металург.