Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар ќе се загрева за финалето денеска против Охрид
РК Вардар ќе се загрева за финалето денеска против Охрид

РК Вардар ќе се загрева за финалето денеска против Охрид

Денеска и официјално започнуваат најинтересните натпревари во ракометниот куп на Македонија во машка конкуренција. И оваа година, нашиот шампион РК Вардар ќе го брани куп трофејот и ќе го напаѓа, да го освои својот единаести куп трофеј во својата историја.

Денеска нашиот тим ќе се ”загрева” против големиот аутсајдер и домаќин на овој турнир, екипата на РК Охрид. Вардарци во вторникот одиграа еден натпревар против охриѓани, на тој натпревар нашиот тим убедливо го доби противникот, очекуваме така да биде и на денешниот дуел, кој започнува во 20 часот со директен пренос на МРТВ – 1. Финалниот натпревар и борбата за трофејот ќе се одигра веќе утре (сабота) со почеток во 17 часот и 30 минути. Вардарци противникот ќе го добијат вечерва пред нивниот натпревар, бидејќи од 17 часот и 30 минути силите ќе ги одмерат РК Металург и нашиот млад тим на Вардар Јуниор. И на оваа средба очекуваме младите Вардарци да го дадат својот максимум, па зашто и да не го изненадат фаворитот на овој дуел.