Вчера момчињата од фудбалскиот клуб Вардар генерација родени “2002“ година се пласираа на завршниот турнир на најдобрите осум екипи во детската лига. Тие на терените на фудбалската федерација на земјава одиграа дуел со ФК Скупи, во истиот нашите млади црвено-црни надежи беа подобри, конечниот резултат на овој дуел гласеше 3:0. Стрелци на погодоците беа : Леонид Игнатов (2) и Трајановски.