Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Борусија Дортмунд ќе гостува во Скопје кај пионерките на Вардар
Борусија Дортмунд ќе гостува во Скопје кај пионерките на Вардар

Борусија Дортмунд ќе гостува во Скопје кај пионерките на Вардар

Нашиот црвено-црн ракометен колектив Вардар успеа да воспостави соработка со германската ракометна екипата на Борусија Дортмунд , со цел  промовирање на меѓусебна соработка и развој на пријателства. Како чекор кон остварување на оваа меѓународна соработка пионерките на Вардар ќе ги нагостат своите врсници од Германија.

Германските млади ракометарки ќе гостуваат во нашиот главен град Скопје според предвидената програма помеѓу двата клуба во периодот од 13 мај (денес)  до 18 мај. Според меѓусебниот постигнат договор договорени се  за одигрување три меѓусебни средби, а покрај ова двата тима ќе имаат и заеднички тренинзи. Дуелите ќе се играат во Спортскиот центар  „Јане Сандански” поточно во неговата малата сала.  Првиот меч ќе се игра во сабота, и истиот ќе започне  во 18-00 часот. Останатите  два натпревари ќе се играат во понеделник и вторник. Во оваа ракометна конкуренција пионерките на Вардар се преводени од Драгана Ристова-Пецевска истите уште во почетокот на април ги завршија мечевите во првенството, потоа учествуваа на турнирот “Велкова 5“  со цел воигрување на оваа генерација која прва година настапува заедно.